Царовска: Босилово првпат добива градинка
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и градоначалникот на Општина Босилово Зоран Зимбаков денеска беа на увид на градежните активности на новата градинка во селото. Вкупниот капацитет на објектот е за 60 деца и се гради во населено место кадешто досега немаше градинка.
– Од она што можев да го видам на терен а и од раговорот со градоначалникот, изградбата на градинката во Босилово тече според предвидената динамика. Нашата стратешка цел како Влада е вклучување на што повеќе деца во предучилишното образование. Крајната цел е да го зголемиме опфатот на деца во градинкитеза 50 проценти, бидејќи раниот детски развој е клучен за понатамоштниот развој на секое дете. Затоа инвестираме и градиме по план, освен во градовите и во руралните средини кои немаа вакви објекти, информирала Царовска, соопшти МТСП.
За изградба и опремување на градинката во Општина Босилово, Министерството за труд и социјална политика инвестира 16,6 милиони денари.
– Министерството за труд и социјална политика ипродолжува да ги подобрува условите и квалитетот во детската заштитa. Oд мај 2017 до мај годинава МТСП инвестираше во изградба, реконструкција и опремување на вкупно 31 објект за детска заштита. Во тек е изградба и опремување на уште 12 објекти.Истоврмено ги јакнеме професионалните компетенции на кадарот и го враќаме достоинството на професијата воспитувач со зголемувањето на платите во просек за 16 проценти и за дополнителни пет проценти на септемвриската плата која што ќе биде исплатена во октомври, с евели во соопштениет
Ново на Сител
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Трамп избран за претседател на САД
-
Рамноправен регионален развој за спречување на иселувањето
-
Фетаи: Администрацијата е неефикасна и политизирана, потребни се реформи
-
Високото образование ќе се реформира од корен, нов закон, студиски програми, повеќе пари за наука
-
Трамп избран за претседател на САД
-
По победата на Трамп, Мицкоски очекува зајаканати односи Македонија – САД