Царовска: Бојкотот на наставата нема да помогне, од врвен интерес е да го заштитиме јавното здравје
Министерката за образование и наука Мила Царовска денес на прес конференција истакна дека од суштинско значење за образовниот е да не дозволиме да го загрозиме јавното здравје што дополнително може да ја отежне учебната година.
„Деновиве има родители и родителски совети кои најавуваат бојкот на онлајн наставата и бараат настава со физичко присуство. Јас ги разбирам, но мораме сите ние да разбереме дека одлуките кои ги донесе комисијата се во интерес на јавното здравје и заштита на здравјето на сите нас. Ако одлуката која ја донела комисијата е дека нема услови во училиштето за физичка настава, тоа е во интерес токму на заштита на здравјето на децата и родителите. Апелирам до родителите да ја почитуваат таа одлука. Да разберат дека бојкотот не носи никому добро, а одлуката која е донесена не е заради ничија желба или хир, туку заради препорака на здравствените власти која мора да ја почитуваме“, рече Царовска.
Министерката ги повикува општините, наставниците, родителите и сите учесници во образовниот процес на соработка, бидејќи заедничката цел на сите е заштитa на здравјето на децата, а истовремено и овозможување на процесот на учење и на развивање.
„Ова бара труд и напор, но целта е премногу значајна за да не соработуваме или да не си помагаме. Ајде заеднички да ги надминеме почетните предизвици за да што побрзо се прилагодиме и започнеме со учење“, рече Царовска.
Ново на Сител
-
Галевски: Овој тим на Алкалоид е составен да победува, нашите амбиции се највисоки
-
Канадски министер: Трамп и Карни ќе разговараат наредните денови за царините
-
Утре терестрично прскање против комарци на подрачјето на градот Скопје
-
Зеленски: Разговаравме за подготовки за нов состанок со Русија во Истанбул
-
Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска откако со автомобил удриле во лос
-
ЦУК: Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција