Македонија
14. November 2017 - 14:15

Царинската испостава Штип со ново продолжено работно време

Царинската испостава во Штип е со ново продолжено работно време со цел да им се излезе во пресрет на тектилните фабрики и на сите учесници во царинската постапка.

Царинската управа денеска соопшти дека новото работно време е воведено од вчера. 

- За потребите на контрола на спроведување на поедноставените постапки и извозно царинење, работното време ќе биде од понеделник до петок, од 08:00 до 20:00 часот и сабота од 10:00 часот до 22:00 часот. Новото работно време е резултат на взаемната соработка на Царинската управа со Стопанските комори и со Текстилниот кластер – Македонија и треба да обезбеди значителни финански заштеди за текстилните компании, велат од Царинската управа.