-->
-->
Царинска управа: Неточни се тврдењата дека се увезува кокс со 18 отсто сулфур
-->
Во насока на објективно и вистинито информирање на јавноста, Царинската управа информира дека нафтениот кокс е слободен за увоз, односно не подлежи на мерки за трговска политика.
Изречените тврдења дека во Република Северна Македонија се увезува кокс кој содржи 18% сулфур, категорично тврдиме дека се неточни, согласно сертификатите за квалитет кои се приложени при увоз на коксот.
Што се однесува до увозот на отпад, Царинската управа потврдува дека не станува збор за неконтролиран и нелегален увоз на отпад.
Царинската управа, кога се работи за постапки кои се однесуваат на легислатива во надлежност на други институции, ги применува насоките добиени од институциите во чија основна надлежност се законите кои се применуваат. За правилно спроведување на нетарифните мерки повеќе надлежни институции согласно пооделни закони имаат надлежност да издаваат дозволи, одобренија или согласности за соодветната царинска постапка.
Царинската управа дозволува увоз на отпад единствено со дозвола за увоз издадаена од надлежната институција- МЖСПП.
Реакција во врска со пишувањата на ВМРО-ДПМНЕ за увоз на отровен отпад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции