Царината заплени брендирани производи, цигари и девизи
Царинските инспектори и царинските службеници изминатите денови и во текот на вчерашниот ден спречиле неколку обиди за нелегална трговија на брендирани производи, криумчарење цигари и нелегално изнесување девизи.
- Спречена нелегална трговија со фалсификувани производи со потпис на познати модни брендови, при што во неколку контроли, запленети се вкупно 10.618 парчиња, меѓу коишто облека и чанти „Луи Витон“, „Армани“, „Гучи“ и часовници „Ролекс“. Производите се запленети, против сторителите се поднесени прекршочни пријави, а поведена е и постапка за повреда на право од интелектуална сопственост, информираат денеска од Царинската управа.
На граничниот премин Богородица во четири контроли запленети се 37.200 парчиња цигари или 186 штеки цигари. На прашање од каде им се купени цигарите, лицата изјавиле дека ги купиле на фришоп. Со ова е спречен обид за пуштање во промет акцизна стока за која е избегнато плаќање увозни давачки во износ од 319.177 денари.
Спречен е и обид за нелегално изнесување на поголема сума на девизи или точно 18.450 евра и дополнителни седум илјади долари коишто македонски државјанин сакал без да ги пријави да ги изнесе од државата преку граничниот премин Табановце.
На лицето кое во себе носело вкупно 20.450 евра и седум илјади долари, согласно закон, му се вратени две илјади евра, а останатите се запленети, информираат од Царинската управа, додавајќи дека против него е поднесена пријава за девизен прекршок.
Ново на Сител
-
Иницијативата „Кој е следен“ бара реформи во правосудството
-
Тема на денот со Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи
-
Фатени 188,6 килограми марихуана на ,,Богородица"- Требала да заврши во Турција
-
Владата денеска нема да ги замрзне маржите
-
Партиите со различни ставови за промена на државниот грб, владата се уште нема идејно решение
-
Филипче обвинува за партизација – ВМРО ДПМНЕ му врати дека грижата му е лицемерна
-
Власта го продолжува работниот век на постојните судии до 67 години
-
Македонците не ги интересира политика но не пропуштаат вести