Македонија
1. October 2019 - 16:44

Бузаку му се закани на Реџепи: Замини од ИВЗ, ЗА 72 часа ќе објавам страшни докази

За 72 часа Реџеп Сулејман да се повлече од престолот во спротивно ќе бидат објавени страшни докази за  криминал. Скендер Бузаку кој се смета за формално правен Реис на ИВЗ по неколку месец молк во јавноста излезе со ултиматум.

– Порака до Сулејман Реџепи -Ослободи ја ИВЗ за 72 часа, ако не како што дал оставка сега нека ја ослободи ИВЗ што ја узурпирал.Ако не, ние имаме страшни докази.

 Бузаку вети враќање на сите протерани од ИВЗ но и унапредување на оние кои се уште работат во институцијата а не сториле криминал. Официјален став од ИВЗ нема бидејќи муфтиите биле во обвинителството за случајот со документите дека Реисот Сулејман Реџепи си дал неотповиклива оставка.

Од ИВЗ за Сител,  упатениот ултиматум од Буџаку го компарираат со случајот Рекет.