Бушати: Тиранската платформа да влезе во македонскиот Устав

Министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, во интервју за бриселскиот интернет-портал „Еурактив“ ја коментираше и состојбата во Македонија и вмешувањето на неговата држава во внатрешните работи на својот сосед преку т.н. тиранска платформа, јави дописникот на МИА од Брисел.
Притоа, Бушати порача дека очекува оваа платформа да влезе во македонскиот Устав, со цел да даде позитивни резултати за „Македонците и Албанците“.
– Јас верувам дека со вклучување на т.н. албанска платформа во Уставот и во новата правна рамка на земјата, ќе има повеќе позитивни резултати за двете етнички групи кои живеат во Македонија, или нејзините главни етнички групи – Македонците и Албанците, вели Бушати.
Со оваа изјава, албанскиот шеф на дипломатијата потврдува дека целта со таквата платформа е промена на македонскиот Устав. Тој исто така тврди дека „не постои тиранска платформа, туку постои документ што е напишан од страна на три од четири албански политички партии кои се присутни во актуелниот Парламент во Македонија“, а дека тој документ е поддржан од Тирана.
– Ние го поддржуваме документот, бидејќи сметаме дека во овој документ јасно се наведени напорите од страна на Албанците прво да се задржи Македонија обединета. Второ, со него се бара подобра меѓуетничка хармонија во духот на Охридскиот договор, трето за спроведување на договорот од Пржино и четврто да се деблокира патот на Македонија кон НАТО и кон ЕУ со нормализирање на односите со Грција и со Бугарија, а се разбира и со Албанија, Македонија и Косово како соседи, посочува Бушати.
На забелешката од новинарот на „Еурактив“ во интервјуто, дека со официјализирање на албанскиот јазик на целата територија на Македонија се менува уставниот поредок на земјата, а Македонија не е федерација, туку унитарна држава, министерот за надворешни работи на Албанија со одговор:
– Јас не знам како овој аргумент, со албанскиот јазик како службен јазик, е еднаков со федерализација на земјата. Но, ако некој се однесува на Охридскиот договор и се изворот на спорови меѓу Македонците и Албанците во Македонија, јасно е дека спроведувањето на обврските од овој договор е на ниско ниво, вели Бушати.
Ново на Сител
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
