Burnout синдром- последица на современиот начин на живот
Burnout e релативно нов термин кој за првпат го употребил Херберт Фројденбергер во својата книга Burnout: The high cost of high achievement (Burnout: високата цена на високите достигнувања). Burnout синдромот се јавува како пролонгиран одговор на физичка, ментална и емотивна исцрпеност предизвикана од интензивен и пролонгиран стрес.
Стресна работа, недостаток на слободно време, зголемување на обемот на работното време, незадоволството од работното место, нарушените социјални активности може да бидат предизвикувачи на еден интензивен стрес кој ако се пролонгира може да доведе до burnout.
Оваа состојба се одразува и на физичкото и на емотивното однесување. Физичките симптоми се одразуваат како чувство на замор и хронична исцрпеност, проблеми со апетитот и спиењето, но и намалување на имунитетот што се манифестира како зачестени настинки. На емотивен план се јавува чувство на безволност и беспомошност пропратено со депресивно или анксиозно расположение, но и појава на различни нерационални стравови.
Самиот burnout ја намалува енергијата на личноста, влијае на продуктивноста, но она што е карактеристично е дека личностите кои се склони на компетитивност и перфекционизам, имаат песимистички поглед на светот или сакаат се да контролираат се во поголем ризик од burnout.
Генерално личноста има впечаток дека сите работи се надвор од нејзина контрола и дека не може со тоа да излезе на крај па се појавува чувство на апатија, очај, губење интерес и мотивација за вообичаените активности. Симптомите укажуваат дека нешто со нашиот начин на функционирање не е во ред и потребни се промени.
Оваа состојба треба да се протолкува како еден предупредувачки знак, да се воочи што е она што ни недостига или ни прави огромен стрес во животот и како да се ослободиме од тие образци на функционирање.
Една од препораките за превенција од burnout би била да се направи листа со приоритети и во склад со тоа селекција на обврските што би водело во насока на обезбедување на повеќе слободно време кое би си го исполниле со активности кои се пријатни и ни овозможуваат квалитетно време за себе.
Доколку симптомите не се поправат и покрај промените што сте ги направиле потребно е да побарате помош од психолог или психотерапевт.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Со реформи до поефикасна Администрација
-
Се готви новогодишната потрошувачка кошничка
-
Синдикатот не се откажува од барање за раст на минималната плата
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија