Свет
12. October 2017 - 9:16

Бурата Офелија прерасна во ураган

Тропската бура Орфелија ја зголеми својата јачина и синоќа се претвори во ураган, соопшти Националниот центар за урагани на САД. 

Тоа е десетиот ураган сезонава, со бризина на ветровите од 120 километри на час и се наоѓа на 1.200 километри југозападно од Азурските Острови. 

Стихија постави рекорд на најмногу последователни бури, што ја достигнале силата на ураган. 

Последен пат, толку многу последователни бури се претвориле во урагани, во 1893 година.