-->
-->
Бунт на нелегални мигранти во Грција
-->
Група нелегални мигранти кренаа синоќа бунт во центар за привремено сместување во грчкиот град Коринт, протестирајќи против можноста за нивно депортирање, јавија грчките медиуми.
Околу 30 лица, сместени во стар воен камп во Коринт, почнале да го изразуваат своето незадоволство од условите во „центарот за гостопримство“, како што во Грција се нарекуваат прифатните центри и против можноста да бидат депортирани.
Мигрантите почнале да фрлаат со камења кон обезбедувањето, да ја оштетуваат зградата и да палат душеци. Бунтот бил задушен за кусо време.
Според грчките медиуми во инцидентот нема настрадани, но е причинета материјална штета.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски: Околу 40.000 руски војници се пренасочени од Украина во правец на Курск
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
Гостиварец собрал 760 евра за лекување, со измама му ги земале парите
-
Крвава драма во Тетово: Еден прободен
-
Убиена дива свиња пронајдена во багажник, кривична за две лица
-
Мицкоски: Не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми
-
АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело