Бундестагот одобри воена интервенција против Исламската држава
Долниот дом на германскиот парламент со огромно мнозинство (445 од 598 пратеници гласаа „За“ а деветмина беа воздржани) одобри германско учество во воената акција против Исламската држава во Сирија, јави дописникот на МИА од Берлин.
Според предлогот на владата во Берлин, Германија испраќа авиони за извидување, една фрегата за поддршка на францускиот носач на авиони Шарл Де Гол и максимум 1200 војници и друг воен персонал.
Одлуката на Бундестагот доаѓа откако Франција побара поддршка за борба против ИД по нападите во Париз. Германската армија досега обезбедуваше само техничка и логистичка поддршка за акцијата на меѓународната коалиција која се бори против ИД.
Новата улога на Германија одобрена од парламентот не предвидува учество на земјата во нападите врз ИД кои сега ги спроведуваат воздухопловствата на САД, Британија, франција и Русија.
Учеството на Германија во битката против ИСИС се очекува да чини околу 120 милиони евра.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа