Фудбал
20. September 2015 - 7:19

Бундес лига: Баерн реди победи

Екипата на Баерн ја оствари и петтата победа во Бундес лигата. Попладнево шампионот на Германија славеше на гостувањето кај Дармштат со 3:0.
На другите дуели беа постигнати следниве резултати: Вердер – Инглоштат 0:1, Хамбургер – Ајнтрахт 0:0, Келн – Борусија Менхенгладбах 1:0 и Волфсбург – Херта 2:0.
Во петокот Мајнц ја победи екипата на Хофенхајм со 3:1.
Денеска ќе се комплетира колото со натпреварите: Штутгарт – Шалке, Аугсбург – Хановер и Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен. 
Табела: Баерн 15 бодови, Борусија Дортмунд 12, Волфсбург 11, Келн 10, Инглоштат 10, Мајнц 9,...