Фудбал
24. October 2015 - 22:06

Бундес лига: Баерн прв до 1.000 победи

Германскиот шампион и лидер на табелата Баерн Минхен денеска ја забележа победата број 1.000 и стана првиот бундеслигашки тим со вакво достигнување. „Баварците“ во клубот 1.000 влегоа по триумфот над Келн со 4:0 што воедно претставуваше десетта победа во исто толку средби оваа сезона.
 
Резултати на петте попладневни натпревари од 10.коло во Германското фудбалско првенство:
Баерн Минхен – Келн 4:0, 
Дармштат – Волфсбург 0:1, 
Хановер – Ајнтрахт 1:2, 
Баер Леверкузен – Штутгарт 4:3, 
Мајнц – Вердер 1:3.
 
Вчера Хофенхајм – Хамбургер 0:1.
 
Од 18:30 часот играат Инглоштат – Херта.
 
Колото ќе биде комплетирано утре со натпреварите:
Борусија Дортмунд – Аугсбург и 
Борусија Менхенгладбах – Шалке.
 
Табела: Баерн Минхен 30 бодови, Борусија Дортмунд 20, Шалке 19, Волфсбург 18, Баер Леверкузен 17,...