Булеварот во Валандово ќе добие и ново осветлување
На булеварот „Првомајска“ во Валандово се изведуваат завршните работи околу неговото комплетно преуредување, што почна пред еден месец со поставување нов асфалт во должина од околу 1,1 километар, соопштија денеска од општина Валандово.
Покрај ова, влезно излезната сообраќајна артерија на Валандово етапно ќе добие уште нови ивичници, преуредување на оштетените делови на тротоарите од двете страни на булеварот, хоризонтална и вертикална сигнализација, целосно хортикултурно уредување и ново осветлување со канделабри, чие монтирање почна денеска.
Надлежните општински служби потврдија дека по должината на булеварот „Првомајска“ веќе се поставени 14 челични столбови со кабелска инсталација на кои ќе бидат монтирани 42 лед сијалици кои многу ќе ја подобрат прегледноста на возачите во вечерните часови.
Реализацијата на проектот за преуредување на булеварот „Првомајска“, за што Општина Валандово издвои 16 милиони денари од сопствениот буџет, се очекува да заврши за околу еден месец.
Ново на Сител
-
Задушница - спомен за починатите
-
Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Светскиот ден на туристички водичи
-
Студено утро, преку ден сончево со мала облачност
-
Состојба на патишта
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната