Бухова: 5 позитивни патници меѓу вратените од Грција, оваа бројка може да биде променета
Поради 5 позитивни случаи од ист автобус а туристи вратени од Грција издадени се 13 решенија за изолација на патниците, а во исчекување се резултатите од тестовите на другите кои биле во авотбусот, оваа информација за Сител ја потврдија од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.
- Од лицата кои во текот на вчерашниот ден се вратија од одмор од Грција до овој момент решение за позитивни лица упатени на домашно лекување имаме 5 позитивни и 13 решенија издадени по основ на контакти, изјави д-р Ирина Сотирова Бухова за Сител.
Д-р Бухова рече дека епидемиолошката анкета која ја водат епидемиолозите од Центарот за јавно здравје е се уште во тек и оваа бројка може да биде променета.
- Не се потврдени точно колку патници имало во автобусот, но незваничните информации се околу 26 патника кои со таа група отишле на летување. Колку се точно вратени со истиот автобус ДСЗИ до овој момент ја нема таа информација и ние не мора да ја добиеме таа информација. Таа информација е важна за епидемиолозите од ЦЈЗ кои ги лоцираат контактите, рече директорката Бухова.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење