Бугарскиот премиер Донев ќе одржи состанок на владиниот Совет за безбедност
Вршителот на должноста премиер на Бугарија, Галаб Донев денеска ќе одржи состанок на владиниот совет за безбедност, јави дописникот на МИА од Софија.
Повод за средбата е зголемената ескалација на воениот конфликт меѓу Русија и Украина по најавената делумна воена мобилизација од страна на рускиот претседател Владимир Путин, како и референдумот одржан во неколку украински региони.
Донев најави дека постои ризик за националната безбедност на Бугарија, но во овој момент нема директна воена закана.
Советот за безбедност има за цел да ја анализира состојбата на системот за заштита на националната безбедност, да подготви процени и да ги предложи потребните решенија. Со него претседава премиерот на земјата и вклучува претставници на безбедносните служби. Минатата недела претседателот на Бугарија, Румен Радев, одржа консултативен состанок на тема Украина, на кој учествуваше премиерот Донев и на кој се разговараше за ризиците со кои се соочува земјата и системите кои би можеле да бидат погодени од ескалација на руската инвазија врз Украина.
Ново на Сител
-
Електронски ќе се вади уверение за остварен доход
-
Почнуваат карневалските денови
-
СДСМ бара оставка од министерката за финансии за навредите кон пратеничката Петровска
-
Гаши ги следи реакциите за вчерашната седница за пратенички прашања
-
Барањето за разрешување на Коцевски се уште не е стигнато во Советот на јавни обвинители
-
УЈП со нова услуга - Уверение за остварен доход ќе се вади електронски
-
Градот Штип, нов мост за соработка помеѓу Македонија и Велика Британија
-
30 лица чекаат трансплантација на орган