Бугарскиот екс-министер за финансии Дјанков обвинет за злоупотреба на функцијата
Софиското јавно обвинителство покрена обвинение против поранешниот бугарски вицепремиер и министер за финансии Симеон Дјанков, поради злоупотреба на функцијата при продажбата на акции во сопственост на државата во компанијата „ЕВН Електродистирбуција Бугарија“.
Како што јави БТА, Дјанков се товари за „злоупотреба на функцијата при приватизација на државна сопственост“.
Со истргата за истото дело се опфатени и поранепниот бугарски министер за економија, енергетика и туризам Трајчо Трајков и бизнисменот Иво Прокопиев.
Дјанков е осомничен дека во периодот мај-јуни 2011 година во соработка со Прокопиев, ги пречекорил своите надлежности и на компанијата „Булброкерс ЕАД“ и продал акции за сума од речиси 1,3 милиони лева (над 650.000 евра). Според истрагата, со ваквата зделка на државата и е нанесена штета од 20,8 милиони лева (10,6 милиони евра).
Дјаков беше бугарски министер за финансии од јулу 2009 до мај 2013 година во Владата на Пламен Орешарски.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија