Бугарски земјоделци во посета на органски фарми во Североисточна Македонија
Македонски фармери викендов ќе бидат домаќини на своите колеги од Република Бугарија, по успешната посета на сертифицирани фарми за органско производство во Ќустендилската област.
Десет земјоделци од Североисточниот плански регион (СИРП) на Република Македонија, имаа можност директно да ги проследат начинот на призводство на органска храна во фарми од соседството со повеќегодишно искуство во дејноста.
Претстојниот викенд десет земјоделци од Ќустендилката област ќе посетат сертифицирани фарми и фарми во премин кон сертифицирано органско производство од Североисточнито плански регион од Крива Паланка, Куманово и Кратово, изјави Андриана Ивановска-Давитковска, проект-менаџер од „ЕГРИ“, Крива Паланка.
Посетата е дел од проектот „Произведувај органски-пакувај еколошки“ кој го имплементира здружението граѓански центар за одржлив развој „ЕГРИ“ од Крива Паланка заедно со здружението „НИЕ“ од Ќустендил, Бугарија, со средства од ИПА Програмата на Европската унија за прекугранична
соработка помеѓу Бугарија и Македонија.
По завршување на возвратната посета насловена „Еден ден од животот на органскиот фармер“, ќе следува нова серија обуки за фармерите до двете страни на границата.
- Во септември и октомври ќе се реализираат две тридневни обуки, по една во Макеоднија и Бугарија, на кои земјоделците ќе се запознаат со условите на пазарот, пласманот на нивните производи, подобрување на конкурентноста на производите и можностите за здружување и окрупнување на понудата заедно со колегите од другата страна на границата, додаде Ивановска-Давитковска.
Новата генерација органски фармери ќе добијат насоки за креирање сопствени бизнис планови за понатамошен развој на нивните фарми.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на црногорското Собрание, Андрија Мандиќ
-
Зеленски го потпиша буџетот за 2025 со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност
-
Мицкоски: Добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници во Судскиот совет
-
Претседателката на Судскиот совет Дамева реагира на обвинувањата за продолжување на мандатот
-
Индија тестираше балистичка ракета од нуклеарна подморница
-
Сиљановска Давкова – Милативиќ: Да се интензивира економската соработка
-
Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-
Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила