Бугарски медиуми: За владата на ГЕРБ предводена од Даниел Митов може да се гласа уште во среда
Веќе в среда може да се гласа на новата бугарска Блада, предводена од Даниел Митов, изјавија извори од ГЕРБ за водечките бугарски медиуми.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на овие гласини во медиумите, доколку претседателот, Румен Радев, утре и го врачи мандатот на партијата која освои најмногу гласови на парламентарните избори, веќе в среда нема да има никакво проблем во Националното собрание да се гласа за составот предложен од кандидатот за премиер, Даниел Митов.
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, самиот соопшти дека неговата партија нема намера да го кочи овој процес и дека тие веќе го подготвиле нивниот предлог владин кабинет. Значи, доколку гласањето е се уште во среда и не помине, нема проблем бугарскиот претседател веќе в четврток да го даде и вториот мандат на втората партија по бројот на освоени гласови „Има таков народ“ на Слави Трифонов.
Засега, партијата на Трифонов не соопшти дали ќе го прифафат мандатот или веднаш ќе се откажат од него. Доколку одлучат само да купуваат време, ќе можат да го чуваат седум дена пред да го вратат. Постои можност претседателот Румен Радев да му помогне на Трифонов и на другите партии кои се појавија на протестите во летото 2020 година, со одржување дополнителни консултации, за кои нема регулатива во бугарскиот Устав, колку време може да траат ваквите консултациите меѓу доделувањето на мандатите на трите политички партии во бугарскиот Парламент.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место