Бугарски град забрани носење никаб

Бугарскиот град Пазарџик забрани носење какви и да се велови кои во целост го покриваат лицето, со што локалната власт сака да ги намали тензиите меѓу општествените групи и да го зголеми нивото на безбедност, објави Ал Џезира Балкан.
Оваа забрана ја поддржаа политичари од различни опции во градот со околу 70.000 жители, каде носењето никаб стана вообичаено меѓу некои муслиманки, припаднички на ромското малцинство.
- Не сакам веќе да чујам дека Пазарџик е град во кој се носат бурки. Сакаме гласно да кажеме дека не сме такви, туку сме град на одговорни луѓе за кои се поврзуваат други достигнувања, изјави градоначалникот Тодор Попов на државното радио.
Муслиманите сочинуваат околу 12 проценти од населението во Бугарија, а припадниците се главно етнички Турци, чии жени обично не носат велови за покривање на лицето.
Попов најави дека секое кршење на оваа забрана ќе биде парично казнето. Полицијата наведува дека забраната е потребна поради тоа што ваквите велови оневозможуваат брза идентификација.
Претходно овој месец, бугарскиот Патриотски фронт, партија која ја поддржува Владата на Бојко Борисов, предложи нов член во Кривичниот закон со кој би се забранило носење велови на јавни места. Како главно оправдание за тоа се наведени потенцијалните закани по националната безбедност.
Ново на Сител
-

Даниела Димовска избрана за претседателка на Основниот кривичен суд Скопје
-

СП 2026: Швајцарија е последниот четвртфиналист
-

Мексикански државјанин застрелан во САД по наводен напад врз агент на ICE
-

Уапсен 33-годишник од Кисела Вода, при претрес на домот пронајдена дрога
-

Цените на нафтата скокнаа по американските напади врз Иран
-

Николоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линија Драчево - Илинден
-

Руте: Новите американски напади врз Иран беа апсолутно неопходни
-

Почна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски учесник на значајни активности и состаноци
