Балкан
29. September 2015 - 15:46

Бугарија со над половина милион дијабетичари

Над половина милиони Бугари на возраст од 20 до 79 години се заболени од дијабетес, покажуваат податоците од истражувањето на Меѓународната дијабетичка федерација, чии резулатати беа презентирани денеска во Софија на стартот на кампањата „Отворено за дијабетесот“.

Како што јави БТА, истражувањето, кое било спорведено во август и септември со учество на 1.200 жители на Бугарија, покажало дека речиси 60 отсто од анкетираните го сметаат дијабетесот за „општествено значајно заболување“.

При презентацијата на резултатите од истражувањето, ендокринологот Малина Петкова нагласи дека иако главен ризик фактор за појава на дијабетесот се нездравата исхрана и слабата физичка активност, дури 70 отсто од испитинациите сметаат дека стресот е главна причина за појава на болеста.

Анкетата покажала и дека околу 45 отсто од испитаниците никогаш во животот не извршиле испитување на нивото на шеќерта во крвта и покрај лекарските препораки такви проверки да се вршат еднаш годишно.