Бугарија побара од Грција да ги прекине тестовите на возачите на камиони на нејзината граница
– По упатство на министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, амбасадорот на земјата во Грција Валентин Порјазов побара итно објаснување од грчкото Министерство за надворешни работи, како и од Министерството за цивилна заштита и националната гранична полиција во врска со воведените брзи тестови за возачите на камиони на граничните пунктови со Бугарија, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за надворешни работи.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот амбасадор во Атина побара грчките институции веднаш да престанат со оваа практика, бидејќи е во спротивност со регулативите на ЕУ. Грција ја прифати валидноста на бугарските аргументи и се обврза да го надмине проблемот.
Како што е посочено, поради заострување на мерките за влез во Грција со ПЦР-тестови за возачи на меѓународни камиони од 22 до 7 часот наутро, доаѓа до загуби и казни и значително се забавува распоредот на бугарскиот транспортен бизнис.
Потпретседателот на Сојузот на бугарски транспортни работници Веселин Дангов смета дека тоа е дискриминаторски однос кон превозниците.
Според бугарските превозници, ова е уште едно кршење на европскиот договор за зелени транспортни коридори од страна на Грција, поради што Дангов предупреди дека движењето на граничниот премин меѓу Бугарија и Грција, Кулата – Промахон, од бугарскиот дел, може да биде блокирано.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево