Бугарија ќе биде поделена на зони во боја во зависност од инциденцата на Ковид-19
Бугарија ќе биде поделена на зони во боја во зависност од инциденцата на Ковид-19 и според нив ќе се утврдат дејствата при евентуален нов бран на инфекцијата. Тоа го изјави денеска техничкиот бугарски министер за здравство Стојчо Кацаров. Тој претстави Акционен план за нов бран на КОВИД-19.
Зоните ќе бидат зелени, жолти, црвени и темно црвени, во зависност од бројот на заразени лица врз основа на 14-дневниот морбидитет на сто илјади луѓе и бројот на легла зафатени во моментот.
Однапред ќе биде јасно што ќе биде ограничено и затворено во зависност од областа во која паѓа земјата.
Помалку од сто пациенти на 100 илјади население зоната ќе биде зелена, од сто до 200 на 100 илјади – жолта, од 200 до 500 пациенти на 100 илјади – црвена, над 500 – темно црвена зона.
За секоја зона обележана со боја ќе е означено какви ограничувања ќе бидат воведени.
Врз основа на тоа, изработени се планови за работа на итна медицинска помош, амбулантско лекување и болници, како и план за обезбедување лекови.
Ново на Сител
-
Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол
-
25-годишен скопјанец со „мерцедес“ удрил во канделабра
-
Малолетници од Гостивар во бессознание завршиле на болница - пиеле алкохол во дискотека
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар