-->
-->
Бугарија го забранува купувањето на државјанство
-->
Бугарија планира да го укине законот со кој се дозволува „купување“ на бугарско државјанство преку инвестирање во земјата, соопшти бугарското Министерство за правда, истакнувајќи дека ваквиот закон не донел значајна економска корист за државата, објави британски „Телеграф“, а пренесува агенцијата „Танјуг“.
Овие законски измени следуваат по извештајот на Европската комисија со кој се предушредува Бугарија дека законот им овозможува на странските организирани криминални групи да се инфилтрираат во Европската унија и го зголемува ризикот од перење пари, корупција и даночно затајување.
Бугарија е една од трите земји на Европската унија, покрај Кипар и Малта, која сега им дава државјанство на странски инвеститори.
Дваесет земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ги и овие три, исто така продаваат дозволи за постојан престој.
Во Бугарија, странците може да добијат пасош кој ги отвора вратите за повеќето земји на Европската унија, за инвестиции во висина од 1 до 2 милиона лева, односно од 500.000 до 1 милион евра.
Бугарското Министерство за правда соопшти дека од 2013 година до денес само 50 странци од Русија, Египет, Израел и Пакистан добиле пасоши врз основа на овој закон.
Законските измени, како што е наведено во соопштението на министерството, ќе ги зајакнат контролите и правилата за доделување на државјанство и на лица со бугарска етничка припадност.
Во октомври минатата година, бугарските обвинители обвинија висок државен службеник за измама со документи за кои велат дека на странците им овозможиле да добијат бугарски пасоши и слободно патување во ЕУ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација