Бугарија го условува датумот за преговори со ЕУ со македонскиот јазик и малцинство
Македонија ќе мора да заборави на постоењето на македонското малцинство во Бугарија, ќе мора да заборави на „македонски јазик“ и да употребува само „службен јазик на РСМ“, ќе мора брзо да ја заврши работата со експертската Комисија за историските прашања… ако сака да продолжи со преговорите за интеграција со ЕУ. Ова, како што јавува МКД.мк, се делови од изјава на Бугарија во врска со усвојувањето на заклучоците на Советот на ЕУ за проширување, с
Во разговор за МКД.мк, министерот за надворешни работи Никола Димитров вели дека „никогаш нема да прифатиме вметнување на антиевропски билатерални услови што навлегуваат во македонскиот идентитет во преговарачката рамка за пристапување кон европското семејство“.
Оваа изјава на Бугарија што ја објавува МКД.мк, станала дел од резимето на заклучокот за проширување на ЕУ и одлуката за почеток на преговори за Македонија и Албанија. Со ова Бугарија го условува усвојувањето на преговарачката рамка од што зависи одржувањето на првата меѓувладина конференција за Македонија и за Албанија.
Бугарија во оваа изјава, како што се пренесува, повикува на доследно спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и укажува на „неговата важност во отворањето на патот кон европска и евроатлантска интеграција на втората страна“. Во изјавата во воведните напомени се наведува дека спроведувањето на Договорот во голема мера е блокирано од ноември 2019 година, поради „едностраната одлука на Северна Македонија да го суспендира на неодредено време учеството во работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и едукативни прашања, формирана според чл. 8. 2. од Договорот“.
Лидерот на СДСМ и доскорешен премиер Зоран Заев тогаш изјави дека одлуката за преговори со ЕУ е безусловна. За тоа што не е закажана меѓувладина конференција, Заев рече дека тоа е поради кризата со коронавирусот. Евроамбасадорот во Скопје Самуел Жбогар, пак, рече дека очекува до јуни да биде подготвена предлог-преговарачката рамка во која ќе биде вклучена новата методологија, по што ќе биде закажана и првата седница меѓу владите на Северна Македонија и на ЕУ.
Ново на Сител
-
Трет ден пожари во скопско
-
Пожар во парк-шума Гази Баба
-
Пожарот кај село Николиќ се уште активен, тешко пристапниот терен ја отежнува интервенцијата
-
Во Македонија лани изгореле 95.181 хектари шума - 3,7% од вкупната територија на државата
-
Премиерот добил дојава дека дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи ВРЕДИ уште во првиот круг
-
ДЗР: За раскинување на договорите за нов Клинички и болницата во Штип фирмите бараат 45 милиони евра отштета
-
Преглед на вестите од светот