Буџетот на општина Штип за 2016-та 916 милиони денари
Штипските советници на денешната последна седница во 2015 година го увоија вкупниот буџетот кој за наредната година со блок дотации ќе изнесува 916 милиони денари и кој е поголем за девет проценти во однос на буџетот за тековната година.
Раководителот на Одделението за фиансии при Општина Штип Трајче Цветков истакна дека основниот буџет на општина Штип за 2016 година ќе изнесува 483 милиони денари, а неговото зголемување е за 21 отсто во споредба со основниот буџет за 2015 година.
Цветков забележува дека новиот проектиран буџет во делот на самофинасирањето и блок дотациите нема зголемување, а донациите ќе изнесуваат околу 20 милиони денари.
- Околу 39 проценти од буџетот ќе бидат инвестирани во инфраструктурни проекти, односно во реализирање на развојните програми. Тоа се реконструкција на улицата „Вита Поп Јорданова“, потоа ќе се продолжи со улицата „Вардарска“, секако и кракот меѓу улиците „25 Мај“ и „Мирче Ацев“. Се предвидуваат и околу 50 милиони денари за изградба на други улици во приградските населби селата, вели Цветков.
Во буџетот на Општина Штип за 2016 година предвидени се и 60 милиони денари за Програмата за уредување на градежно земјиште, а планирани се и 12 милиони денари за изградба на нова Детска градинка во населбата „Баби“.
Наредната година ќе се реконструираат и водоводни и канализациони мрежи од буџетот, за што ќе бидат издвоени 12 милиони денари. Во буџетот на општина Штип планирани се и околу 60 милиони денари за враќање на кредитот стар над една деценија кон министерството за финансии. Заем кој е земен за реконструкција на водоводната мрежа, а кој претходните раководства на штипското комунално претпријатие „Исар“ не го исплаќале редовно.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување