Македонија
25. December 2015 - 17:02

Буџетот на општина Штип за 2016-та 916 милиони денари

Штипските советници на денешната последна седница во 2015 година го увоија вкупниот буџетот кој за наредната година со блок дотации ќе изнесува 916 милиони денари и кој е поголем за девет проценти во однос на буџетот за тековната година.

Раководителот на Одделението за фиансии при Општина Штип Трајче Цветков истакна дека основниот буџет на општина Штип за 2016 година ќе изнесува 483 милиони денари, а неговото зголемување е за 21 отсто во споредба со основниот буџет за 2015 година.

Цветков забележува дека новиот проектиран буџет во делот на самофинасирањето и блок дотациите нема зголемување, а донациите ќе изнесуваат околу 20 милиони денари.

- Околу 39 проценти од буџетот ќе бидат инвестирани во инфраструктурни проекти, односно во реализирање на развојните програми. Тоа се реконструкција на улицата „Вита Поп Јорданова“, потоа ќе се продолжи со улицата „Вардарска“, секако и кракот меѓу улиците „25 Мај“ и „Мирче Ацев“. Се предвидуваат и околу 50 милиони денари за изградба на други улици во приградските населби  селата, вели Цветков.

Во буџетот на Општина Штип за 2016 година предвидени се и 60 милиони денари за Програмата за уредување на градежно земјиште, а планирани се и 12 милиони денари за изградба на нова Детска градинка во населбата „Баби“.

Наредната година ќе се реконструираат и водоводни и канализациони мрежи од буџетот, за што ќе бидат издвоени 12 милиони денари. Во буџетот на општина Штип планирани се и околу 60 милиони денари за враќање на кредитот стар над една деценија кон министерството за финансии. Заем кој е земен за реконструкција на водоводната мрежа, а кој претходните раководства на штипското комунално претпријатие „Исар“ не го исплаќале редовно.