Будно се следи состојбата со коронавирусот во градинките, ќе се носат одлуки заедно со локалните власти

Од моментот на отворање на градинките на 9 септември, досега има вкупно 18 деца и 55 вработени позитивни на коронавирусот. Во моментот, во изолација се вкупно 309 дечиња и околу 50-тина вработени.
Бројот на заболени деца и вработени во градинките во последните две недели се зголемува, но генерално нивната здравствена состојба е добра. Според министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, трендот е ист како и епидемиолошката состојба во земјава. Во периодот од 6 до 19 октомври регистрирани се шест дечиња и 21 вработен позитивени на вирусот.
-Здравствената состојба на сите што досега беа позитивни дечиња и вработени е добра. Немаме хоспитализација, освен оние две што претходно се завршени. На голем дел периодов им заврши изолацијата така што генерално здравствената состојба на децата и вработените во градинките е добра, изјави Шахпаска.
Вели состојбата се следи и ќе се носат одлуки во консултација и соработка со здравствените и локалните власти.
– Будно се следи состојбата. Ќе носиме одлуки заедно со локалните самоуправи затоа што не секаде епидемиолошката состојба е иста. Најважен капитал е здравјето на граѓаните и на најмладите, рече Шахпаска, одговарајќи дали се размислува за затворање на градинките.
Во меѓувреме, коронавирусот ја затвори најмалата градинка со 20 деца во Прилеп, а уште 15 деца се во изолација од друга градинка. Градинката кај Работничкиот универзитет е затворена и 20-те деца се пратени во изолација зашто позитивни на коронавирусот се две негувателки. Во изолација од оваа градинка се и осумте члена на персоналот. Градинката е дезинфицирана и треба да проработи по дваесетина дена.

Детските градинки почнаа со работа на 9 септември под строги здравствени протоколи. Според протоколите, групите од 2 до 6 години имаат најмногу 15 деца, а за оние до 2 години најмногу 12 деца. На децата и на вработените при влез во градинката им се мери температура, а вработените задолжително носат маски. Внатре во градинките престојот на децата се организира на начин да се избегне меѓусебен контакт на различни групи на деца во согласност со можностите и на секои два часа да се прави дезинфекција на прекинувачите, кваките на вратите, мијалниците, масите, столовите.
Ново на Сител
-

ЦУК: Проблеми со поплави во Охрид, Кичево, Битола, Гостивар и Тетово
-

Во Ресен препорачно да не се пие водата заради нарушен квалитет
-

Од утре дожд, снег и ветер
-

Македонците во Брисел го чествуваа Божик
-

Трошоците на живот на годишно ниво зголемени за 4,1 процент, а цените на мало за 3,6
-

Во првите десет месеци лани увезени 566,6 тони кафе, најмногу од Бразил, Италија и Косово
-

Патот Струга-Ќафасан пуштен за сите видови возила, снег на повеќе места
-

Фокс њуз: Трамп одобри царини од 500 проценти за земјите што купуваат евтини енергенси од Русија
