Буданов: Северна Кореја е најголемата закана по Украина
Шефот на украинското разузнавање Кирило Буданов изјави дека од сојузниците на Москва, Северна Кореја е „најголемиот проблем“ за Киев поради масивното снабдување на Русија со артилериски гранати, што се користат на украинскиот фронт.
– Од сите сојузници на Русија, нашиот најголем проблем е Северна Кореја, бидејќи со количината на воена опрема што ја снабдуваат, тие навистина влијаат на интензитетот на борбите, истакна Буданов.
Тој додаде дека Украина во моментот не може ништо да преземе против тоа. – Фактот дека испорачува и балистички проектили е непријатен, но помалку сериозен поради малата количина, посочи Буданов.
Тој оцени дека Русија ќе се обиде да стави крај на војната „пред 2026 година“, со цел да избегне слабеење на нејзините позиции поради акумулацијата на економските проблеми, главно поради западните санкции и проблемите со мобилизацијата поврзани со значителни загуби на фронтот.
САД и Јужна Кореја го обвинија Пјонгјанг дека и доставува на Русија муниција и проектили за да ја поддржи нејзината инвазија врз Украина, која трае од февруари 2022 година.
Пјонгјанг ги негира обвинувањата, но тинк-тенкот „Конфликт армамент рисрч“ (Conflict Armament Research) претходно соопшти дека анализата на остатоците покажала дека „ракетите произведени оваа година во Северна Кореја се користат во Украина“.
Ново на Сител
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Трамп избран за претседател на САД
-
Рамноправен регионален развој за спречување на иселувањето
-
Фетаи: Администрацијата е неефикасна и политизирана, потребни се реформи
-
Високото образование ќе се реформира од корен, нов закон, студиски програми, повеќе пари за наука
-
Трамп избран за претседател на САД
-
По победата на Трамп, Мицкоски очекува зајаканати односи Македонија – САД