Буданов: Навални почина од откачен тромб
Можеби ќе ве разочарам, но она што го знаеме е дека тој навистина починал од згрутчување на крвта. И тоа е горе-долу потврдено. Тоа го знаеме, им рече Буданов на новинарите на прашањето дали разузнавачката служба „знае како е убиен“.
Тој додаде дека оваа информација не е преземена од Интернет. Според него, тоа било природна смрт.
Семејството и соработниците на Навални го обвинуваат Кремљ за неговата смрт, што Москва го отфрла. Западните политичари, исто така, веднаш изјавија дека Навални бил убиен од режимот на рускиот претседател Владимир Путин.
Телото на Навални дури пред два дена и беше предадено на мајка му, а датумот на погреб ќе биде одреден дополнително.
Навални (47) почина на 16 февруари во затворска колонија во Сибир. Тој колабирал додека одел во дворот и починал и покрај обидите за негова реанимација.
Најпознатиот руски опозиционер во колонијата издржуваше 30-годишна затворска казна, меѓу другото, како што е наведено во една од пресудите на рускиот суд, заради основање и финансирање на екстремистичка организација и нејзините активности.
Ново на Сител
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
-
Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
Хаос во Советот на општина Кочани, тепачка, пцуење, повредена жена | ВИДЕО
-
Се очекува експерт за ампутации од Словенија, ќе се разгледаат опции за третман на повредените од дискотеката во Кочани
-
По седум години повторно отворен комплексот „Македонско село“
-
Борозан останува во Вардар и следната сезона
-
33-годишно лице нападнато во казино од обезбедувањето на објектот