Бубевски: СЈО го држат во некаква вештачка кома

Законодавецот и општеството во овој момент СЈО го држат во некаква вештачка кома, истакна јавниот специјален обвинител Гаврил Бубевски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска анкетата на М Проспект чии резултати покажуваат пад на довербата на јавноста кон Специјалното Јавно Обвинителство.
Тој рече дека не постои некој драстичен пад споредено со претходната анкета.
-Но, и разбирливо е сето ова, затоа што и законодавецот и општеството во овој момент Специјалното Јавно Обвинителство го држат во некаква вештачка кома. Со одлуката на Врховниот суд, со непостапувањето и по едно од обвиненијата во судот, се чувствува дека одлуката на Врховен си нашла свој пат и во овој момент освен судење за тие обвиненија што сме ги поднеле во рокот до 30 јуни, ние освен документација што прибираме, немаме други активности и со самото тоа нормално е луѓето да немаат доверба во нашата работа. Но, тоа многу брзо ќе се крене само да ги добиеме можностите, рече Бубевски.
Ново на Сител
-

Го снимиле и пријавиле како фрла легло со мали мачиња во парк, АХВ го казни со 550 евра
-

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче
-

Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача: „Скопјани се безбедни“
-

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје
-

МВР: Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава
-

АХВ: Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење
-

Камп Фест викендов во Преспа
-

Одбележани 25 години од Охридскиот рамковен договор
