Брзите тестови во Здравствен дом од денес бесплатни за граѓаните
Министерството за здравство информира дека од денес брзите тестови во Здравствен дом ќе бидат бесплатни за граѓаните.
Здравствениот Дом Скопје во координација со Министерството за здравство минатата недела набави 4.000 брзи тестови за да им овозможи на пациентите достапно и брзо теститрање за ковид 19. Цената на овие тестови беше 1.000 денари, а термините се закажуваа телефонски преку Мој Термин.
По најновата информација дека е добиена донација во Министерството за здравство од страна на две компании од 13.000 тестови кои преку алгоритам на матичните лекари ќе бидат бесплатно достапни за сите оние пациенти на кои ќе им биде потребно брзо тестирање, Здравствениот дом веќе договори со добавувачот да ги повлече претходно купените тестови и да се коритат само тестовите донирани од Министерството заздравство кои ќе бидат бесплатни за граѓаните. Закажувањето за овие тестови ќе започне од денес. Лицата пак кои беа тестирани во текот на вчерашниот ден ќе бидат повикани и средствата ќе им бидат вратени.
Здравствен Дом Скопје ја поздравува постапката за донирање на брзите тестови која ги опфаќа здравствените институции во целата држава.
Како најголема здравствена институција, Здравствениот Дом Скопје активно продолжува во справување со борбата против вирусот КОВИД-19 со сите ресурси кои се на располагање на институцијата.
Ново на Сител
-
Расчистен случајот кога двајца браќа беа повредени при обид да разделат лица во тепачка пред фитнес клуб во Чаир
-
Приведен 46-годишник од Гевгелија, при претрес во неговиот дом пронајдена е дрога
-
Руте: Мора да ги зголемиме одбранбените трошоци за да можеме да се браниме
-
180 сообраќајни прекршоци вчера во Скопје, 15 санкционирани возачи на мотоцикл
-
Ким Џонг Ун се сретна со Шојгу, вети безусловна поддршка за Русија
-
Ѓоковиќ го победи Зверев и се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос
-
Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации
-
Дешан се потпира на играчите на ПСЖ, го поддржува Дембеле за Златната топка