Брутално убиство: Ја затекнал жената со пријателот, па го кастирал и ги убил двајцата
Уште една бизарна вест за патлошка љубомора пристигна од Русија. Еден ветеринар ја фатил жената и најдобриот пријател на дело и сурово им се одмаздил.
По љубоморниот тинејџер која на девојката и ја „подари“ главата на момчето со кое го измамила, се појави вест за полудениот ветеринар.
Владимир Сидоров (35) ја затекнал сопругата во прегратката на својот најдобар пријател и веднаш го зел ножот. Мажот (32) го прободел неколку пати па му ги отсекол гениталиите, а потоа тргнал во напад кон беспомошната сопруга (31).
Во крвавата пресметка во селото Шама во регионот на Татарстан, несреќната жена е избодена неколку пати, а двете жртви починале на местото на настанот, соопшти полицијата.
Сопругот полуден од љубомора веднаш се пријавил во полиција и ги признал убиствата. Според истрагата дента, Сидоров бил со децата, а сопругата отишла кај „пријателка која се породувала“.
Но тој открил дека таа не е кај пријателката туку е некаде со неговиот најдобар пријател кој требало да ја однесе во посета.
Ги пронашол прељубниците во куќата на пријателот и ги затекнал во интимна ситуација.
Сидоров е веднаш уапсен и задржан во притвор.
Ново на Сител
-
Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода на пожарот на планината Плачковица | ВИДЕО
-
Хуманитарната катастрофа во Газа мора веднаш да престане, велат Париз, Лондон и Берлин
-
Најмалку 25 лица загинаа, а 280.000 останаа без покрив над главата од почетокот на обилните дождови на Филипините
-
Министерот Тошковски во посета на џудо тренинг сесија на полициските специјалци во Центарот за обука во Идризово
-
Трамп вели дека договорот со ЕУ има 50 отсто шанси, а договорот со Канада можеби нема да се случи
-
На Табановце се чека 40, а на Богородица 20 минути
-
Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка
-
Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019