БРУТАЛНО: Ја затекнал жената со пријателот, па го кастрирал и ги убил двајцата!
Уште една бизарна вест за патолошка љубомора пристигна од Русија. Еден ветеринар ја фатил жената и најдобриот пријател на дело и сурово им се одмаздил.
По љубоморниот тинејџер која на девојката и ја „подари“ главата на момчето со кое го измамила, се појави вест за полудениот ветеринар.
Владимир Сидоров (35) ја затекнал сопругата во прегратката на својот најдобар пријател и веднаш го зел ножот. Мажот (32) го прободел неколку пати па му ги отсекол гениталиите, а потоа тргнал во напад кон беспомошната сопруга (31).
Во крвавата пресметка во селото Шама во регионот на Татарстан, несреќната жена е избодена неколку пати, а двете жртви починале на местото на настанот, соопшти полицијата.
Сопругот полуден од љубомора веднаш се пријавил во полиција и ги признал убиствата. Според истрагата дента, Сидоров бил со децата, а сопругата отишла кај „пријателка која се породувала“.
Но тој открил дека таа не е кај пријателката туку е некаде со неговиот најдобар пријател кој требало да ја однесе во посета.
Ги пронашол прељубниците во куќата на пријателот и ги затекнал во интимна ситуација.
Сидоров е веднаш уапсен и задржан во притвор.
Ново на Сител
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД
-
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
-
ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат
-
Никола Станишиќ им се поклони на жртвите во Кочани и победи во „Ѕвездите на Гранд“