Брутално апсење: Обезбедувањето фрли парализирана девојка на под

Хана Коен (18) е тинејџерка со инвалидитет предизвикан од долгогодишната борба против ракот, која доживеала голема траума на аеродромот во Мемфис, кога обезбедувањето ја уапсило откако свирел скенерот низ кој таа поминала.
Нејзината мајка во тужбата против аеродромското обезбедување навела дека тоа најверојатно се случило поради нитните на маичката на Хана, но во секој случај обезбедувањето не смеело така да постапува со девојка која носи протези на нозето.
Откако одбила да влезе во просторија каде би и правеле детален телесен преглед, Хана ја опкружиле вооружени агенти, ја фрлиле на подот, што секако предизвикало трауми и страв кај неа.
Нејзината мајка, немоќна да направи било што друго, ја фотографирала Хана со лисиците на подот и со крв на главата.
Во тужбата е наведена оштета во износ од 90.000 долари поради претрпениот страв и нанесените повреди, а случајот се уште е во судница. Девојката од бројните операции на тумори на мозокот, го изгубила видот на едното око, а била и делумно глува и парализирана.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
