Бројот на жртвите од Ковид-19 во Грција се зголеми на 43 лица

Уште пет лица во Грција починаа од коронавирусот со што бројот на жртвите од почетокот на епидемијата се зголеми на 49, додека бројот на заразени лица изнесува 1212, од кои 56 се нови, согласно податоците од Министерството за здравство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Бројот на регистрирани нови случаи денеска е речиси двојно помал од вчерашниот и завчерашниот, со фактот дека во изминатите 24 часа, уште 56 лица се заразени со Ковид-19, додека пак вчера и завчера имаше по 95 нови случаи.
Како што соопшти претставникот за Ковид-19 од Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас на редовната секојдневна прес конференција, од хоспитализираните лица 72 се приклучени на апарати, додека пак од починатите, 32-ца се мажи и 11 жени, а просечната возраст е 71 година.
Професорот Циодрас и заменик- министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, уште ја истакнаа важноста сите граѓани да ги почитуваат мерките.
Хардаљас го повтори она што денеска го соопшти и владиниот портпарол дека оваа година за Велигден Грците ќе останат дома, а воедно ги повика Грците, сега кога се зголемува денот и се подобрува времето да се воздржат од непотребни излегувања и движења, бидејќи во спротивно, како што рече, владата ќе биде принудена да преземе построги мерки
Ново на Сител
-

Г.г. Стефан на молебенот за св Кирил: Вашето дело не исчезна со вековите, вашата жртва раѓа нови плодови
-

Лишен од слобода гостиварец, управувал возило без дозвола, под дејство на алкохол
-

Мицкоски: Влашката заедница има значаен придонес во градење на македонската држава
-

Администрацијата на Трамп воведува ново правило за аплицирање за „Зелена карта“
-

Реал Мадрид втор финалист во Евролигата
-

Муцунски: Во Западен Балкан сè уште постојат безбедносни ризици, регионот и понатаму треба да биде во фокусот на НАТО
-

Сиљановска Давкова: Треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите
-

Најниска температура изутринава на Попова Шапка, највисока во Гевгелија
