Бројот на жртви при уривање на покривот на ноќниот клуб во Санто Доминго и натаму расте – најмалку 184 загинати

Властите на Доминиканската Република синоќа соопштија дека операцијата за пребарување и спасување по смртоносното уривање на кровот на ноќен клуб ќе биде заменета со „фаза за обнова“.
Локалните медиуми го цитираа директорот за вонредни операции Хуан Мануел Мендез дека најмалку 184 луѓе загинале откако делови од кровот на ноќниот клуб Џет Сет се урнаа рано во вторникот, нагласувајќи дека тоа е „прелиминарна бројка“.
На прес-конференција, Мендез рече дека „додека не прочешламе сè, нема да оставиме никого“, јавија локалните медиуми.
Во клубот за време на концертот на пејачот Руби Перез имало стотици посетители, а повредени се повеќе од 150 луѓе. Перез е меѓу загинатите, а меѓу жртвите се и познатите бејзбол играчи Октавио Дотел и Тони Енрике Бланко Кабрера, како и Нелси Круз – гувернерка на северозападната провинција Монтекристи. Загина и синот на министерот за урбанизам и комуникации.
Доминиканската влада во соопштение нагласи дека преминот во фаза на закрепнување „не значи крај на работата во погодената област“.
– Во текот на изминатите неколку дена спасувачките екипи работеа без прекин, отстранувајќи остатоци, помагајќи им на повредените и преживеаните, соопшти Владата.
– Меѓутоа, исцрпувајќи ги сите разумни можности за пронаоѓање повеќе преживеани, операцијата сега влегува во поинаква, но подеднакво чувствителна и клучна фаза: справување со телата со сета должна почит и достоинство што ги заслужува секоја жртва, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: не се оди надвор без да се постигне консензус дома
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Нови апсења поврзани со проневера во „Државна лотарија“
-

Во четврток средба Муцунски – Петрова во Софија
-

Филипче: Сите лаги на Мицкоски се разобличени - ЕУ го потврди македонскиот идентитет
-

Поевтинуваат бензините и дизелот
-

Реформа на пензискиот систем веднаш – Фискалниот совет предлага повисоки придонеси и зголемување на пензии
-

Пензионерите добија три проценти повисоки пензии
