Свет
24. July 2020 - 11:24

Бројот на заразени со коронавирусот во Русија надмина 800.000, 13.000 починати

 Бројот на заразени со новиот коронавирус во Русија надмина 800.000, соопшти денеска Рускиот центар за борба против вирусот.

Во последните 24 часа евидентирани се 5.811 нови случаи, а стапката на раст на пациентите е 0,7 проценти, односно најниска од 23 април.

Во последните 24 часа починале 154 лица, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 13.046.

Во моментов в о Русија има 199.029 активни случаи.