-->
-->
Бројот на загинати од силниот земјотрес во Мјанмар надмина 3.000 лица
-->
Повеќе од 3.000 лица загинаа во Мјанмар по разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени што ја погоди земјата пред шест дена.
Портпарол на воената хунта што управува со земјата изјави дека досега се потврдени најмалку 3.085 жртви. Над 340 лица сè уште се водат како исчезнати, а 4.715 се повредени.
Во Мјанмар пристигнаа хуманитарни работници од 17 земји. Испорачани се речиси 1.000 тони хуманитарна помош и опрема, соопштија властите.
– Продолжуваме со спасувачките операции и изразуваме благодарност до меѓународната заедница и медицинските тимови за нивната посветеност, изјави портпаролот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер