-->
-->
Бројките велат, Мурињо најслаб менаџер на Јунајтед во последните 40г.
-->
Жозе Мурињо, еден од најдобрите фудбалски тренер во светот, постави неславен рекорд како менаџер на Манчестер Јунајтед. Според статистиката тој е најнеуспешниот менаџер на Јунајтед во последните 43 години.
Манчестер Јунајтед, во вторникот, во последната минута се спаси од пораз против Евертон и ја продолжи серијата на која нема пораз на 20 натпревари.
Серијата делува импресивно, но само до податокот дека клубот од „Олд Трафорд“, на тие 20 натпревари победил на 10 натпревари и исто толку пати играч нерешено.
Она што нема да му се допадне на Мурињо е податокот кој го извадија англиските статистичари, а кои вели дека го има вториот најлош учинок во клупската историја на домашен терен.
Статистиката вели дека Мурињо на 16 натпревари на „Олд Трафорд“, забележал само шест победи, девет пати ремизирал и една бил поразен, што значи дека освоил 37,5 отсто од бодовите.
Томи Дохерти во сезоната 1973/1974 на домашен терен освои само 35 отсто од бодовите.
За споредба, менаџерите кои беа пред него, а кои изложени на константни критики, биле подобри од Португалецот: Луј Ван Гал за две сезони освоил 68 отсто од бодовите на домашен терен, а Дејвид Мојс 44 отсто.
Најуспешен во историјата е сер Алекс Фергусон, кој во периодот од 1986 до 2013 година победил на 370 од вкупно 517-те натпревари на „Олд Трафорд“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Катар го суспендира воздушниот сообраќај како превентивна мерка
-
На граѓаните на САД во Катар им е препорачано да се „засолнат“ додека Иран најавува одмазда
-
Прогласена вонредна состојба на грчкиот остров Хиос поради пожарите
-
Трамп: Никој да не ги зголемува цените на нафтата
-
Истрага за насилство против татко и неговите два сина, од кои едниот малолетен
-
Евакуација на четворица македонски државјани од Израел
-
ДУИ и ВЛЕН застанаа зад САД за Иран
-
Истрага за семејно насилство во Батинци – тешко повреден маж, вмешани татко, син и малолетник