Брнабиќ: Србија нема да го признае Косово

Српската премиерка Ана Брнабиќ, за албанската телевизија „Орањуз“, изјави дека Србија нема да ја признае еднострано прогласената косовска независност, додавајќи дека постои дијалог за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и оти тој наскоро ќе биде продолжен.
- Не верувам дека Белград ќе го признае Косово, но постои иницијатива за дијалог за подобри односи, нагласи Брнабиќ.
Српската премиерка истакна дека треба да се работи на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина и треба да се продолжи со спроведувањето на Бриселскиот договор.
- Србија направи многу за исполнувањето на обврските од тој договор и очекуваме истото да го направи и Приштина, особено кога станува збор за делот од договорот што се однесува на животот на српските заедници, наведе Брнабиќ, посочувајќи дека се надева оти дијалогот наскоро ќе биде продолжен
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
