Брнабиќ: ЕУ не може да дозволи со квазибилатерални проблеми да бидат причини за блокада на сосед
Српската премиерка Ана Брнабиќ по вчерашната меѓувладина конференција со ЕУ во Луксембург, изјави дека постои опасен преседан кога станува збор за билатералните прашања.
Според неа, овие прашања немаат поврзаност со европските интеграции и се поставуваат за да може на соседните земји на Србија да им се стави вето. Брнабиќ смета дека во иднина ваквиот преседан може да опасен кога ќе е користен и од други земји членки на ЕУ, додавајќи дека тоа е проблем со кој треба да се соочи Унијата, а не земјите-кандидати.
„Сè нешто може да биде ограничувачки фактор за блокада. Видовме преседани дека некои пар екселанс билатерални прашања кои немаат никаква врска со европските интеграции на една земја се поставуваат како непробоен ѕид на патот на европските интеграции на некоја друга наша соседна држава. Мислам дека тоа е опасен преседан и дека, за жал, можеби ќе биде користен од некои други членки на ЕУ. Мислам дека тоа не е европска вредност. Јас, како загрижен Европеец, верувам во европски вредности и во нашиот европски пат и без оглед на тоа дали ќе бидат отворени или затворени поглавја, дали ќе има позитивни сигнали, ние ќе продолжиме со реформите. Е сега, ако ЕУ сака да стане такво семејство на нации во кое некои држави членки ќе условуваат некои други земји, иако тие имаат сè исполнето, со решавање на некакви билатерални прашања или квазибилатерални проблеми, тогаш тоа е проблем на ЕУ, и тоа се работи со кои ниту можам, ниту сакам да се занимавам“– изјави српската премиерка по состанокот.
Покрај ова, вчера во Луксембург се одржи и состанокот на Советот за општи работи на ЕУ. На овој состанок Бугарија го потврди ветото со кое би се означиле почетоците на преговорите со Македонија. Тие соопштија дека ветото за Македонија останува се дури не бидат исполнети условите, иако Европската комисија предложи започнување на преговори без услови уште пред две години.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: Иран нема да добие нуклеарно оружје додека сум јас премиер
-

Николоски: Договорена директна авиолинија Анкара-Скопје и карго железничко поврзување
-

Американско-израелскиот мировен меморандум може да биде потпишан во недела во Женева
-

Македонија ја зајакнува еколошката правда, потпишан Меморандум за соработка со француските партнери
-

Економската соработка, трговијата и инвестициите во фокусот на денешниот бизнис-форум Северна Македонија - Турција
-

Стабилна е состојбата на штипјанецот кој вчера се здоби со изгореници од втор степен гаснејќи пожар во неговата викендица
-

По седум години затвор за Ѓоре Петровски и за Даниел Димески за опожарување куќа во Нежилово
-

Поради тројца делегирани судии, презакажни и одложени рочишта во Основниот граѓански суд Скопје
