-->
-->
Бркотница кон Табановце, со порше и бегал на полицијата, мигрантите ги оставил на автопат
-->

Вчера рано утрото во 04,50 часот постапувајќи по наредба за вршење на служба, мотопатрола од Полициската станица за граничен надзор „Сопот“ на место викано „обиколница Костурник“, забележала патничко моторно возило „Порше Каен“ со скопски регистарски ознаки, кое се движело со голема брзина по автопатот Куманово-Граничен премин „Табановце“.
Мотопатролата се упатила по возилото и го пристигнале, по што возачот ги симнал мигрантите кои ги превезувал и избегал.
На местото на настанот затекнати биле 10 лица-мигранти од кои седум лица од Пакистан, две лица од Турција и едно лице од Сирија по што биле пренесени во Транзитниот центар Табановце.
Се работи на пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Клековски: Треба да ги има сите лекови за онколошките пациенти, повеќекратно е зголемен буџетот на Онкологија
-

„Аушвиц, Аушвиц“ и „Стани, Адолфе“: Скандалозни скандирања на навивачите на Хајдук
-

Мартинез му се извини на раководството на Манчестер јунајтед
-

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем
-

Кејн останува во Баерн до 2029
-

Алкараз прв пат по петгодишна пауза ќе игра во Виена
-

Камп Ноу и Бернабеу во шпанската кандидатура за СП во рагби во 2025
-

Малолетник претепан од група врсници во училишен двор, нападот снимен и објавен на социјалните мрежи
