Британски суд осуди албански државјанин, кој извршил грабеж и во вилата на фудбалската ѕвезда, Рахим Стерлинг
Албанскиот државјанин Емилијано Кроси (24) кој, меѓу повеќето кражби, ја ограбил и резиденцијата на Рахим Стерлинг, принудувајќи го да се врати дома од Светското првенство во 2022 година, е осуден на 13 години затвор, објавија албанските медиуми.
Кроси (24) наречен „албански „јастреб“ извршил многу кражби, вклучително и онаа во резиденцијата на англиската ѕвезда, на 3 декември 2022 година.
Тој користел скала во задната градина за да се качи до прозорецот од спалната соба на Стерлинг и украл десет од неговите часовници Ролекс.
Од домот на фудбалерот бил украден и накит, вреден околу 300,000 фунти. -Кроси, кој илегално влегол на британска територија, скриен во камион, претходно признал дека е вклучен во 15 кражби.
Но, пред судот во Гилфорд, судијката Кетрин Хартли пресуди дека тој е вмешан во 18 кражби, осудувајќи го на 12 години и 10 месеци затвор.
Британската полиција сè уште трага по неговиот татко Алфред Исуфи (48), вујко му Анри Осман (44) и 22-годишниот братучед Џерард Калаја, за кои се верува дека побегнале од Велика Британија, наведуваат медиумите.
Постојат основи на сомнение дека биле дел од криминалната група која вршела кражби во луксузни вили помеѓу ноември 2022 и март 2023 година.
Меѓу другите жртви се и поранешниот играч на „Кристал Палас“, Скот Дан и на „Челзи“, Марк Кукурела.
Ново на Сител
-
Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода на пожарот на планината Плачковица | ВИДЕО
-
Хуманитарната катастрофа во Газа мора веднаш да престане, велат Париз, Лондон и Берлин
-
Најмалку 25 лица загинаа, а 280.000 останаа без покрив над главата од почетокот на обилните дождови на Филипините
-
Министерот Тошковски во посета на џудо тренинг сесија на полициските специјалци во Центарот за обука во Идризово
-
Трамп вели дека договорот со ЕУ има 50 отсто шанси, а договорот со Канада можеби нема да се случи
-
На Табановце се чека 40, а на Богородица 20 минути
-
Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка
-
Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019