Британски пратеници против сервисирањето на авиони на РАФ во Турција

Група британски пратеници од редовите на опозицијата се спротивставија на решението на Министерството за одбрана, новите борбени авиони Ф-35 на британското Кралско воено воздухопловство (РАФ) да се сервисираат во Турција.
Несогласувањето со решението на Министерството се објаснува со „безбедносни причини“.
Според пратениците, Турција се наоѓа во вонредна состојба по минатогодишниот неуспешен воен удар, а од тогаш Владата во Анкара е во постојано тензична состојба со земјите од Европа, што последниве недели се претворени со отворен судир на Турција и нејзиниот претседател Реџеп Тајип Ердоган со неколку земји членки на НАТО и британски сојузници.
Опозицијата инсистира дека наместо во Турција, авионите може сосема успешно да се сервисираат во Велика Британија.
Во објаснувањето на Минстерството за одбрана во Лондон се вели дека сервисирањето на борбените авиони и замената на нивните мотори е „меѓународен проект“ за кои е организирана глобална мрежа на сервис за овие американски воени авиони.
Турција била одбрана од американскиот Пентагон и освен во оваа земја, авионите ќе се сервисираат и во Австралија и во Северна Америка.
Парламантарната опозиција сепак бара истрага за целиот случај со сервисирањето на авионите.
Експерти за безбедносни прашања на институтот „Џеинс“ сметаат дека е оправдано барањето за истражување на случајот со сервисирањето.
Во изјава за лондонските медиуми експертите тоа го оправдуваат со недоразбирањата со Турција, како и со „масовните чистки“ во турската армија и отпуштањата што се спроведени по неуспешниот пуч на стотици високи турски воени функционери и старешини, кои беа во служба во НАТО во Европа и во САД.
Ново на Сител
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
-

Најмногу дожд во Крушево, Претор и Охрид
-

Панел дискусија „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“
-

Без струја неколку улици во Центар, Кисела Вода и Карпош
-

Џјинпинг: Односите меѓу Кина и Русија се „непоколебливи“
-

Сенатот усвои Резолуција за ограничување на воените овластувања на претседателот на САД
-

Трамп верува дека е можен дипломатски договор меѓу САД и Куба
-

Променливо облачно време со ветер и услови за дожд
