Британски бизнисмени: Напуштањето на ЕУ ќе ја зголеми невработеноста

Група водечки британски бизнисмени предупредија денеска на опасноста од губењето на работни места во домашната економија доколку Велика Британија се определи за напуштање на ЕУ.
Во заедничко отворено писмо во лондонски „Тајмс“, бизнисмените велат дека напуштањето на Унијата сериозно ќе го измести приливот на инвестициите во земјата, што ќе се одрази и врз вработеноста.
- Бизнисот на Британија има потреба од неограничен пристап до европскиот пазар од 500 милиони луѓе, за да продолжи да расте, да инвестира и да создава работни места„ се вели во отвореното писмо на британските бизнисмени.
Меѓу потписниците, се водечки британски бизнимени од фирми како БТ, „Маркс и Спенсер“, „Водафон“, воениот комплекс „БАЕ-Системс“, авионската компанија „Изи Џетс“ и конфекцијата „Барбери“, но и водечките луѓе на двата британски најголеми аеродроми Хитроу и Гетвик и раководството на лондонската берза ФТСЕ-100.
Претставник на Даунинг стрит 10 денеска изрази задовлство од јавната подршка на напорите на премиерот Дејвид Камерон за да се задржи Велика Британија во ЕУ, објаснувајќи го писмото на британските бизнисмени во „Тајмс“ како случај „без преседан“ во британската пракса.
Реагирањето на оваа група од околу 130 угледни претставници на домашниот бизнис, доаѓа по вчерашната дебата во британскиот Парламент за договорот на Лондон и Брисел, околу новите услови за останување на Велика Британија во ЕУ.
Премиерот Камерон го бранеше договорот, што го подржаа сите членки на ЕУ, како мошне корисен и поволен за Велика Британија, која сега има обезбедено за себе „специјален статус“ во рамките на Унијата, но евроскептиците и антиевропски определените партии сметаат дека она што е добиено од Брисел е „премалку“, па дека за земјата е подобро да биде надвор од ЕУ.
Ново на Сител
-

НАСА: Срушен е рекордот - човек отпатува најдалеку од Земјата досега
-

Трамп: Иран може да биде уништен преку ноќ
-

Кривична за Струшкиот градоначалник, именувал директор без соодветно образование и непознавање на англиски јазик
-

Воз му ја прегазил ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија
-

МП: Протестот е темелно демократско право, но загрижува улогата на одредена опозициска партија и обидот за манипулација
-

Кривична за поранешниот градоначалник на Кичево, Дехари - го оштетил буџетот за 1,6 милиони евра
-

24-годишник со „ауди“ возел со 212 км на час на автопатот Скопје-Штип
-

Владата работи со сите стекхолдери за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски
