Британската Влада застана зад својот амбасадор во САД, по нападот од Трамп

Британската Влада му изрази целосна поддршка на својот амбасадор во САД, Ким Дерок, откако америкнскиот претседател Доналд Трамп кажа дека веќе „нема да има работа со него”.
-Не го познавам амбасадорот, но за него нема добро мислење во САД, нити тој им се допаѓа. Веќе нема да имаме работа со него, наведе Трамп вчера на Твитер, пренесоа западните агенции.
Трамп ја критикуваше и британската премиерка Тереза Меј, наведувајќи дека добрата вест за Велика Британија е тоа што наскоро ќе има нов премиер.
Дипломатските депеши што претходно протекоа во јавноста открија дека британскиот амбасадор во САД смета дека администрацијата на претседателот Трамп е неспособна и дисфункционална и дека е мала веројатноста да се подобри.
Документите, што неодамна ги објави „Мејл он Сандеј”, соддржат многу критички коментари на амбасадорот Дерок за моменталната состојба на администрацијата на Трамп и нудат редок увид во тоа како некои високи британски дипломати гледаат на владата на најблискиот сојузник на нивната земја.
Портпаролот на британската Влада изјави дека протекувањето на овие документи е за жалење и дека тоа не ги отсликува блсиките односи на двете земји, но дека амбасадорот треба да има можност да изнесе слободна и искрена проценка на политиката на земјата во која се наоѓа, пренесе Би-Би-Си.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
