Британската нацрт-резолуција за Сребреница можеше да го потпали Балканот

Британската нацрт-резолуција за масакрот во Сребреница пред 20 години беше политички мотивирана и небалансирана, се наведува во соопштнието на руското Министерство за надворешни работи во врска со вчерашното гласање во Советот за безбедност на ОН на документот, јави ТАСС.
Русија стави вето во ОН на поднесената од Велика Британија нацрт-резолуција, со која масакрот во Сребреница се признава за геноцид.
Амбасадорот на Русија во ОН Виталиј Чуркин изјави дека усвојувањето на документот би било контрапродуктивно и би довело до зголемување на тензиите во регионот.
Други четири земји Ангола, Кина, Нигерија и Венецуела беа воздржани за време на гласањето во врска со убиството на 8.000 муслимански мажи и момчиња во Сребреница во јули 1995 година.
- Жалиме што Велика Британија инсистираше документот да биде гласан наспроти нашите предупредувања и забелешки до СБ на ОН за опасноста на Балканот поради последиците од усвојувањето на нацрт-резолуцијата, која очигледно носеше конфликтен материјал, се наведува во соопштението на руското МВР.
Според руското минисерство очигледно е дека документот, во формата во која беше претставен, беше неприфатлив како политички мотивиран, небалансиран и со штетен карактер за процесот на национално помирување во Босна и Херцеговина и на Балканот во целина. Вината за настаните фактички се фрла само на српска страна, без да се земе предвид фактот дека и самите Срби беа жртви на таа трагедија.
- Британската нацрт-резолуција можеше да го потпали Балканот, смета Василиј Лихачов, член на руската парламентарна комисија, пренесува ТАСС.
Според него позицијата на Русија е коректна и способна за стабилизирање на регионот.
Ново на Сител
-

Мерц побара Иран да престане да го дестабилизира Блискиот Исток
-

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h
-

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
-

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Пpечекот на Ива Михајлова во Софија е провокација и ги подрива напорите за добрососедство
-

Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот, ангажирани и борбени авиони
-

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври
-

Тошковски и Руф ја потврдија заложбата за продлабочување на македонско-австриската полициска соработка
