Живот
20. November 2019 - 21:53

Британец остава коверти полни со пари по улица: Сите сакаат да го најдат овој па дури и полицијата

Британската полиција го бара мистериозниот добротвор кој остава коверти полни со пари во една градска улица во малото место Блекхол Колијери на северот од земјата.

Непознатиот човек парите ги остава од 2014 година. На почетокот на оваа недела пронајден е коверт со 2.000 фунти. од почетокот на годинава тоа е четврта коверта, односно 13. во пет години.

Полицијата во рамки на истрагата зела и отисоци од прсти од банкнотите, но и покрај сите напори не можат да го откријат идентитетот на сопственикот на парите. Детектив Џон Форстер рече дека случајот останува мистерија.

„Ги поздравуваме сите информации кои ќе ни помогнат во расветлувањето на овој случај. Се би можело да биде дело на филантроп“, рече и додаде дека им се заблагодарува на граѓаните кои ги пронашле парите.

Парите ќе останат во полициска станица 2 недели, а ако до тогаш сопственикот не се јави, ќе биде предаден на лицето кое го нашол ковертот.