Свет
9. May 2020 - 20:05

Британците повикани да работат од дома или да одат на работа со велосипед

Британскиот министер за транспорт Грант Шепс денеска ги повика Британците да одат на работа со велосипед или пеш по укинувањето на рестриктивните мерки за да се намали притисокот врз јавниот превоз.

Како што пренесуваат странските агенции, тој рече дека луѓето кои можат да работат од дома така треба и да продолжат, а оние што треба да одат на работа да користат велосипед или да одат пеш наместо со автомобили што би направиле метеж во сообраќајот.

 – Дури и кога јавниот превоз целосно ќе профункционира, ако се земе предвид физичката дистанца од два метра, капацитетот ќе биде еден на 10 патници, рече Шепс.

Тој додаде дека тоа значи дека ќе се користи една десетина од стариот транспортен капацитет.